Украина најави бојкот на Олимпијада ако им се дозволи настап на Русите и Белорусите

t

Украина може да се реши на бојкот на Олимпијадата во Париз во 2024 година, доколку руските и белоруските спортисти добијат дозвола да настапуваат, изјави министерот за спорт на Украина, Вадим Гутсаит.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) оваа недела најави дека ги разгледува опциите за интегрирање на спротистите од овие две земји 11 месеци откако воведоа санкции поради војната во Украина. Олимпискиот совет на Азија, пак, ги покани Русија и Белорусија да се натпреваруваат на Азиските игри во септември, каде што би можеле да бркаат олимписки норми.

Гутсаит, кој исто така е и претседател на Украинскит олимписки комитет, бара целосното исклучување на Русите и Белорусите да продолжи во сите спортови.

– За целата украинска спортска заедница се работи за принцип. Го поддржуваме претседателот на државата во ставот. Сите сме бесни на напорите на ИОK за враќање на Русите и Белорусите и ќе работиме со интернационалните спортски организации овој став да се смени. Позицијата останува иста – додека има војна во Украина, нема руски и белоруски спортисти на интернационалните натпреварувања. Ако не биде слушнат нашиот глас, можно е да отфрлиме учество на Олимпијадата – вели Гутсаит.

ИОК инсистира дека казнувањето на индивидуални спортисти поради нивната националност е во спротивност на Олимписката повелба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…