Пендаровски не се чувствува загрозен за личната безбедност

t

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот еврoпратеник Ангел Џамбаски.

Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.

Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност.

Новиот Владо Черноземски, како што самиот се претставува, беше во оваа иста сала, пред три години, кога беше дел од делегацијата предводена од Бојко Борисов, за 2 Август. Него практично го немаше нигде, и Борисов, кој тогаш беше премиер, кон него се однесуваше како последно дупче на свиралче. Апсолутно не му даде да зборува. Само во еден момент кога ме праша Борисов што препорачуваш, што забележуваш од наша страна, а тоа беше првата година после затоплување на односите, кој го расипува овој тренд, јас му кажав овие што седат лево и десно од тебе, Ковачев и Џамбаски, затоа што од сабајле до вечер на Фејсбук пишуваат против нас. Потоа тој се сврте накај Џамбаски и му рече „Од утре ниедна објава на Фејсбук, разбра?“, кажа Пендаровски.

На прашање за отсуство на реакции за изјавите на Џамбаски, Пендаровски вели дека имаше јасна осуда од евроамбасадорот Гир.

Тој кажа дека таква реторика не е прифатлива кон шеф на една суверена држава и сметам дека тоа е повеќе од доволно, бидејќи тоа и е европски став, дециден е Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…