(Видео) НОВА ВОЈНА?! Кој го напаѓа Иран, потврден напад со дронови, нападнати фабриките за производство на Шахед-136

t

Во моментов се слушаат голем број воени авиони како надлетуваат повеќето населби во главниот град на Иран, Техеран.

Неофицијално издадена е наредбата за целосна готовност на воздухопловните сили и Иранската револуционерна гарда.

Иранско Министерство за одбран пoтврди дека нивните одбранбени противвоздушни системи ги пресретнале тритетри беспилотни летала, а штетата била ограничена на покривот на воената фабрика.

Иранската индустрија за производство на беспилотни летала е во Табриз, телото од легура, муницијата се произведува од Сасед во Исфахан, а нивниот склад за складирање е во Малард, сите три локации се нападнати вечерва од беспилотни летала.

Израелските новински агенции објавија 5 експлозии во 5 провинции на Иран: Западен Азербејџан (Хои), Источен Азербејџан (Азершахр), Карај, Исфахан и Хамадан.

Украина во последните недели пријавува серија руски напади со помош на беспилотни летала Шахед-136 произведени од Иран кои се покажаа како многу ефективни.

Претходно Инфомакс објави дека силна експлозија се слушнала во воена фабрика во централниот ирански град Исфахан, но официјален претставник за безбедност изјави дека нема жртви, објави иранската државна телевизија IRIB на својата веб-страница рано во неделата.

„Експлозијата се случи во еден од центрите за производство на муниција на Министерството за одбрана и според соопштението на политичкиот и безбедносен заменик-шеф на губернијата Исфахан нема жртви“, јави ИРИБ, без да даде дополнителни детали.

Неофицијално се работи за напад со дронови, но не е познато чии се истите. Според локални извори активирана е противвоздушната одбрана и воени авиони се забелеажни на небото.

Последната информација вели дека се слушнала експлозија и во Техеран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…

ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…