Најчевска: Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија
Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.
Таа на својот Фејсбук профил посочува „оти Бугарите никогаш не биле дел од државотворноста на Македонија“. Нејзинот пост ви го пренесуваме во целост.
– Некој ептен се подигрува со нашата држава.
И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.
Напротив.
На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.
И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес – пишува Најчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…