Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана
Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана како резултат на воените дејствија, објави денеска британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на невладината „Mines Advisory Group“.
Според невладината организација, Украина е земја со најмногу мини во светот.
„Зафатеноста (со мини) е огромна. Не може да се спореди со Сирија или Авганистан“, рече Катерина Темплтон, претставник на организацијата.
Како што е наведено, во периодот од 24 февруари минатата година до 10 јануари годинава од во Украина од мини настрадале најмалку 611 лица.
За деминирање на украинските територии се проценува дека ќе бидат потребни повеќе години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…