“Македонските Бугари” неделава ќе плачат на средба кај Вархеји
Комесарот за соседство и проширување на Европската унија/ЕУ/Оливер Вархеи ќе се сретне со претставниците на “”македонските Бугари”, јави известувачот на БГНЕС.
Средбата ќе се одржи неделава во Брисел на барање на “македонските Бугари” поради институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Македонија. Разговорот со Вархеи се случил само една недела по тепањето на Христијан Пендиков во Охрид. Пендиков моментално се лекува на Медицинската академија во Софија, каде му беше извршена и операција на вилицата. Тој има повреди на градниот кош, кичмата и ребрата.
Македонските Бугари во своето писмо до еврокомесарот Вархеи истакнаа дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.
Во делегацијата ќе учествуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…