Петровска: Како членка на НАТО се префрливме од земји кои бараа во земји кои даваат помош
„Македонија е земја членка на НАТО алијансата и тоа не значи дека сме само набљудувачи и дека само бараме помош. Напротив, со успешна и разумна политика успеавме да се префрлиме од група на земји кориснички на помош во земји кои даваат помош“ изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на годишната конференција „Година на нови можности“.
Таа додаде дека припадниците на АРМ со гордост учествуват во меѓународни мисии каде допринесуваат за гарантирање на безбедноста и стабилноста.
„Не може да останеме имуни на тоа што се случува во Украина, на европско тло. Позициите на Македонија во поглед на овој конфликт се јасни – не оправдуваме насилство, особено не војна врз суверена и независна држава. Затоа и даваме поддршка и политичка, но и воена, медицинска и хуманитарна со која помагаме на Украина да ја одбрани сопствената територија“ рече Петровкса.
Министерката рече дека не смееме да останеме неми на кршењето на меѓународните правила и стандарди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Битола
Заврши откопувањето и безбедното отстранување на поголем…
Брнабиќ ја нападна РТС: Дали подготвувате терен…
Ана Брнабиќ упати остри критики до Радио…
Нова Македонија: Македонците се децидно против Бугари…
Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу…
Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…
Полска приведе тројца тинејџери осомничени за подготовка…
Полските безбедносни служби привеле тројца малолетници осомничени…