Се работи на инвестиција на нов гасовод со Грција и уште еден со Бугарија, како и потенцијални гасоводи со Албанија

t

Сите влади работат во специфични услови зашто мора да се менаџира недостатокот на електрична енергија и високите цени, кажа премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој потенцира дека не треба да се дозволи ценовен шок за граѓаните и од друга страна треба да се искористи кризата како можност, односно да се направат инвестиции коишто нема да дозволат во иднина да се случуваат вакви потреси на енергетскиот пазар.

-За првата цел, Владата минатата година одвои 760 милиони евра што е најголем пакет антикризни мерки во регионот, според Светска банка. Успеавме и да ја субвенционираме цената на електричната енергија до 80 проценти. Да не беше таа субвенција цената за 600 илјади доаќинства ќе беше пет пати повисока, а до трипати повисока за малите потрошувачи коишто се на регулираниот пазар. Од тој аспект кризата беше добро менаџирана, бидејќи ценовен шок нема и нема да има, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се инвестира во моментов во диверсификација на енергенсите во државата.

-Ние во моментов имаме само една точка на снабдување со гас, а тоа е преку Република Бугарија. Се работи на инвестиција на нов гасовод со Грција и уште еден гасовод со Бугарија, како и потенцијални гасоводи со Република Албанија. Тоа овозможува базната енергија која доминантно се произведува од јаглен да може да рамислуваме за гасни централи, рече Ковачевски.

Тој кажа дека засилено се преговара со заинтересираниот инвеститор за Чебрене, што би произведувал базна енергија. Премиерот додаде дека се инвестира и во дистрибутивна мрежа и поврзувањето со земјите од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…