Османи: Историјата ќе биде безмилосна со нас ако не ги продолжиме евроинтеграциите

t

„Повторно повикувам на меѓупартиски консензус за членството во ЕУ. Изгубивме две децении и историјата ќе биде безмилосна кон нас ако не ги продолжиме евроинтеграциите“ рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека оваа година ќе работи и ќе се залага за формирање на широка расправа со цел да се бориме против пропагандата која не спречува да стигнеме до суштината на евроинтеграциите.

„Врвен приоритет за нас ќе бидат добрососедските односи, за што еклатантен пример се односите со Грција со која имаме јасна и предвидлива соработка. Грција е наш стратешки партнер и цврст поддржувач“ рече Османи.

Министерот истакна дека имаме Искрени намери за да се врати трендот на соработка и дијалог со Бугарија, иако престојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогресот на билатералните односи.

„Остануваме посветени на деескалација на вжештената ситуација која се огледа во непропорционалните реакции за еден изолиран случај за кој државата веднаш презеде мерки за расчистување. Важно е да не дозволиме провокации од двете страни и провокаторите да го киднапираат процесот и одведат во насока која не е од интерес на двете држави, туку на трети актери со кои немаме ништо заедничко“ рече Османи.

Тој рече дека односите со Албанија се зацврстија додека заедно го чекавме почетокот на преговорите со ЕУ и повика Косово и Србија да го искористат фокусот на меѓународната заедница и да постигнат сеопфатно решение што ќе ја гарантира стабилноста на регионот и ќе ги забрза европските интеграции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена, сопругот ја претепал во…

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.О.(43)…

Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го…

Форумот на жени на СДСМ ги повика…

(Видео) Филипче: Власта свесно го запира европскиот…

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот…

Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се…

Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување…

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…