Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот.

Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија.

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николова: Хаос со актите во образование, се…

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…

Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…

Половина од учениците со сите петки не…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

(Видео) Страшно невреме во Франција – двајца…

Најмалку две лица загинаа, а 17 се…