ВМРО-Народна бара од државата докази дека Ванчо Михајлов сороботувал со фашистите

t

Партијата на Љупчо Георгиевски, ВМРО-Народна, денеска преку сооопштение побара државата да претстави доказ дека контроверзниот Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот и да бил правно поткрепен.

„Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување на правната држава како еден од столбовите на Северна Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија, но и во Европа.

Ако во Југославија но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек“, велат од ВМРО-Народна. Според партијата, обвиненијата кои биле паушални воделе кон историски небулози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…