Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за време на прославите за Гоце Делчев
„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Македонија“, изјави денеска во емисија „Утрово“ на БТВ Милен Керемедчиев, поранешен бугарски заменик министер за надворешни работи.
„Очекувам судири, бидејќи очигледно одредени политички сили и нивните симпатизери одат на овој празник со такво расположение и таква подготовка. Од друга страна, како што е познато, и ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува своите симпатизери за доста сериозни судири со бариери и блокади “, појасни тој.
Милен Керемедчиев истакна и дека во исто време Бугарија е во предизборна ситуација – две од партиите даваат се од себе да ги подигнат резултатите со антимакедонски говор. Се работи за Преродба на Костадин Костадинов и на ВМРО, чиј копретседател е Ангел Џамбаски. И двајцата на панихидата за Мара Бунева, минатиот месец во Скопје провоцираа на сметка на македонските национални чувства.
„Едната сака да се врати во парламентот, а другата сака да ги подобри резултатите на изборите. Затоа мислам дека дефинитивно ќе се бара провокација и покрај напорите на министерствата за внатрешни работи од двете страни на границата, секако ќе има и провокации и судири“, изјави поранешниот бугарски заменик министер во МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…