Правнукот на Гоце Делчев апелира за достоинствен 4 февруари
Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Кон апелот се приклучуваат внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на војводата Тодор Александров , внукот на штиипскиот војвода Мише Развигоров и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов.
„Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, се наведува во апелот.
Исто така, се вели: „Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“, пренесе БТА.
Петар Стојанов и потомците на македонските семејства ги повикуваат политичарите во Софија и во Скопје „да соработуваат со сите сили за спречување на јазикот на омразата, кој е штетен за нашите две општества и за иднината на нашите две земји“.
Неофицијално, во македонските политички кругови не се очекува да има некаква ескалација на насилство, па ни инциденти на 4 февруари кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев, а на провокаторот Ангел Џамбаски нема да му биде дозволен влез во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опљачкана куќа во Визбегово, одземени пати злато,…
На 16.11.2026 во 00:30 часот во СВР…
Српското обвинителство му одреди два дена притвор…
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…
Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…
Во текот на викендот биле украдени злато,…
Калас: Путин го испорачува истиот список на…
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи…
Охридскиот градоначалник: Најостро го осудувам насилниот настан!
„Најостро го осудувам насилниот настан што го…