На 16 истекува рокот до кога „Цар Борис III“ и „Ванчо Михајлов“ треба да ги сменат имињата

t

Клубовите Цар Борис Трети од Охрид и Ванчо Михајлов од Битола досега не побарале промена називите а остануваат две недели од истекот на законскиот рок.

Откако стана јасно дека и двете здруженија не добиле дозвола од Министерството за правда за употреба на имињата, со измените на Законот за здруженија и фондации кој стапи на сила на 16ти ноември лани, тие имаат обврска во рок од три месеци кој истекува на 16ти февруари да го испочитуваат законот. Но ни до овој момент не го сториле тоа.

-Досега до Министерството за правда не е пристигнато ниту едно барање за усогласување со Законот за здруженија и фондации кое би го разгледела Комисијата за употреба на имињата на личности.

Велат од Министерството за правда од каде брифираат дека ќе почекаат за неколку дена да истече законскиот рок. Законот предвидува и дека оние организации кои нема да го усогласат името и програмата до 16ти, во рок од еден месец ќе бидат избришани од Централен регистар. Но и оттаму потврдија дека пријава за промена на називот во регистарот од овие два клуба не добиле.

-До овој момент до Централниот регистар не се поднесени пријави за промена на назив кај наведените здруженија.-Централен регистар.

Канал 5 побара одговор и од претседателот на клубот Цар Борис Трети, Томе Блажевски, и од Ванчо Михајлов од Битола, дали имаат намера да ги сменат имињата, но одговор нема.

Во меѓувреме владата ја формира новата Комисија за употреба на имињата. Во неа сега наместо седум, влегуваат пет члена, но според информациите е нецелосна бидејќи еден нов предложен член од редовите на МАНУ побарал да се повлече.

Академик Драги Ѓоргиев – редовен член на Македонската академија на науките и уметностите

Арким Јахији – советник од Министерството за правда

Антонио Павлоски – посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура

д-р Билјана Ристовска – Јосифовска – редовен професор на Институтот за национална историја

За член на комисијата треба да биде предложен уште еден член на МАНУ, на местото на академик Живко Попов кој побарал да се повлече бидејќи доаѓа од областа на медицината. Тие ја одржале конститутивната седница на крајот од декември, потврди историчарот Драги Ѓоргиев. Барање за употреба на име на историска личност досега кај нив нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како татко, како брат и сопруг…

Ова мое денешно обраќање требаше да биде…

Се преврте брод полн со жито: Бугарија…

Бугарските власти денеска добија повик за помош…

Вајц: Македонија треба да биде предводник во…

Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на…

Предметот за претепаната Сара во Охрид одземен…

Предметот за бруталното претепување на младата Сара…