Петковски: На 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам?
Јас не само што не паметам туку не сум можел ни да замислам една ваква ситуација со Бугарија. И не сум рамнодушен. Роден сум во една друга друга држава во 1945 година, па сега на 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам? А еве сум, тука сум, на ова место. Политичарите во голем дел им го загорчуваат животот на луѓето, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, во емисијата „СТУДИО 10“ на ТВ24.
– Повеќе од сигурен сум дека ова е долгорочна државна политика. Тоа што сега се случува во Македонија, тоа што сме толку чувствителни за ликот на Гоце Делчев кој е човек кој ги надминува границите со своите сфаќања, е незамисливо. Мислам дека Бугарија и Македонија како држави сме 100 години зад визиите на Гоце Делчев – вели Петковски и додава дека е разбирлива чувствителноста кон негирањето, но зачудува и нашата фрагилност кон провокациите од луѓе кои се осудени и од Европскиот парламент за своето фашизоидно однесување.
За Петковски е зачудувачки тоа што еден европарламентарец доаѓа во Македонија, ја негира земјата па дури и повикува на атентат на претседателот, но од друга страна на таквите провокации според Петковски не треба да се одговара.
– Тоа е настан што ние го одбележуваме секоја година и нема потреба од тоа да се прави вонредна состојба. Нашата полиција ја контролира целата земја и навистина нема потреба да доаѓа бугарска полиција напомош – вели Петковски.
Тој додава дека тие луѓе кои сега создаваат немир до лани не доаѓаа пред гробот на Гоце Делчев.
– И ова сега мислам дека не е случајно туку е за нивна внатрешна бугарска политика. Бугарија е земја на ЕУ која има најмногу проблеми и е најсиромашна. Нивниот претседател е единствен кој има нескриена руска ориентација. Провокации прават само политичари кои немаат добри намери – констатира Петковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…