Браво! Пенушлиски ги повлече своите дела и го избриша и неговото име од бугарскиот клуб
На барање на познатиот македонски сликар Илија Пенушлиски, неговото дело „Галичник“ е симнато од поставката во бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и вратено во колекцијата на Ликовната колонија „Галичник“. Воедно, бугарскиот културен центар, на инсистирање на Пенушлиски, го избриша и неговото име, кое беше на излогот меѓу повеќето македонски и бугарски уметници кои се дел од изложбата „Заедно“.
Ваквото повлекување на делото на Пенушлиски следи по неговата реакција дека сѐ додека бугарската политика не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на нашето постоење, секоја „културна соработка” ќе биде травестија, вели Пенушлиски, кој дознал дека негова слика била изложена во Бугарскиот културен центар во Скопје.
„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува – за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари“, вели Пенушлиски.
Македонските дела во оваа поставка се сопственост на Ликовната колонија „Галичник“, која брои над 500 дела од меѓународно признати уметници од целиот свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…