Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска

t

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција е многу сериозна болест, доказ за тоа се четирите смртни случаи од 15 што се разболеле, вели д-р Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).

Тие биле на возраст од 35 до 65 години и претходно биле целосно здрави.

Двајца починале во првите 24 часа по приемот во болница. Две деца на училишна возраст се меѓу 15-те случаи на инвазивни стрептококи. Четворицата починати не живееле во исти области, дознава „24часа.хр“.

„Меѓу тие шест илјади има 15 што имаат тешка компликација на основната болест, чија смртност е многу висока. Бактеријата не останува во грлото или на кожата, туку може да ги нападне менингите и да предизвика менингитис или да влезе во крвотокот предизвикувајќи сепса, која потоа ги зафаќа сите органи“, објаснува Павиќ Шиметин за „24часа.хр“.

„Страшно, навистина страшно. Двајца од четворицата починале во рок од 24 часа по примањето во болница. Стрептококите многу бргу се развиваат во сериозна болест. За среќа, огромното мнозинство од заразените останува со ангина или шарлах, кои исто така не се благи заболувања. Секој што ги имал знае колку се тешки“, вели докторката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се подготвува официјално да се приклучи…

Македонија  се подготвува во септември официјално да…

ЕУ подготвува мерки: 11,6 проценти од младите…

Европската Унија предлага значително зголемување на акцизите…

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови…

Пожарот што избувна попладнево во близина на…

Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Русија издаде налог за апсење на правнукот…

Русија го бара правнукот на Кенеди оти…