Три лица загинаа откако се преврте автобус во Словенија

t

На автопатот кај Мурска Собота во Словенија, околу 5 часот утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички, јавува словенечки 24ur.com.

Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота.

Словенските медиуми јавува дека во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички.

Истрагата се уште е во тек.

Поради несреќата затворен е автопатот меѓу раскрсниците Ганчани и Липовци кон Марибор. За лични возила може да се обиколува по регионалниот пат помеѓу клучките Турнишче или Ганчани и Липовци. Огромна гужва има и на тој дел од автопатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО ИТАЛИЈА: Повредени…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…