Сообраќајна незгода во близина на Зелен пазар: Дојавите за бомби и затворените улици направија хаос во сообраќајот
Сообраќајна незгода попладнево се случи на булеварот 11 октомври во близина на Градската болница во Скопје во централното градско подрачје.
Во несреќата учествувале две патнички возила и за среќа нема повредени.
Гужвата и хаосот во сообраќајот очигледно си го прават своето. Причината поради која има невообичаено ниво на гужва во сообраќајот за овој дел од денот се дојавите за бомби во 8 средни скопски училишта, но и безбедносните протоколи поради утрешното чествување на роденденот на Гоце Делчев.
Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Полициско обезбедување на улицата Самуилова има и утринава, а во пресрет на утрешното чествување на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Околу местото кружат и полициски патроли бидејќи утрешниот настан е проценет како од висок ризик. Затворањето на „Самуилова“ се протега на потегот од улицата Иљо Војвода (вијадукт Самуилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчињски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен…
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со…
Бесент: Иран се соочува со историски економски…
Иранската економија се соочува со еден од…
Барал нож да ја докрајчи, татко му…
Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…
„Да, Бугарија“: Политичкиот скандал со Ива Михаилова…
„Да, Бугарија“ ќе се обрати до Брисел…
Нов мигрантски бран на Канарските Острови: речиси…
Речиси 2.200 мигранти пристигнале со чамци на…