Државиште: На Пендаровски и кабинетот им доцни платата цел месец, ќе излезат ли на протест?!
Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет, немаат земено плата за месец јануари, потврдуваат оттаму за „Макфакс“. Тие велат дека претседателот вообичаено плата добива на 1-ви во месецот, исто како и вработените. Побарале образложение зошто им доцни исплатата, на што добиле објаснување. Од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“ велат: „Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано“.
„Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5 % на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии“, додаваат од претседателскиот кабинет.
Извор: Макфакс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…