(Видео) Нова драма во српскиот парламент: КУКАВИЦИ! Вучиќ грмна кон опозицијата – „вие го дадовте Косово“

t

Кукавици, хулигани, криминалци, дивјаци, крадци,… Со вакви зборови српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на пратениците во Собранието кои протестираа против гермаско-францускиот предлог за Косово и претходно го нарекоа предавник. „Српскиот парламент се врати 20 години наназад“, пишува Нова.

– Вие граѓаните на Србија можете да видите што е тоа хистерија кога немате аргументи, бидејќи целото херојство се сведува на викање во кафеана по куп лаги и невистини што ги кажале – рече Вучиќ.

Откако дел од опозицијата почна да вика дека го продал Косово, претседателот на Србија почна да вика:

– Вие го дадовте Косово, ние го браниме Косово од такви како вас. Вие го дадовте Косово, ние го враќаме и го даваме на нашиот народ и земја. Срам да ви е лажго. Добро е народот да го види ова хулиганско однесување во кое ќе врескате, викате, праќате бакнежи. Вие ја уништивте Србија, им дадовте независност, молчевте за 35 уништени цркви и манастири, а ме критикувате и напаѓате мене, кој сите ги изградив овде – извика Вучиќ и продолжи:

– Што, ќе ме тепате? Не ме фасцинира тоа нешто. Бошко Обрадовиќ, познат како Колубара транс затоа што зема пари од нашата народна Колубара, вели дека 27 земји го повлекоа признавањето на Косово. Па затоа што (државата ја) водеше Вучиќ, 27 земји го повлекоа признавањето, не поради Бошко Обрадовиќ и Воислав Коштуница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…