Мери Дика Георгиевска е нов в.д претседател на скопска Апелација
Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелационен суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.
Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.
На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и ќе се носи на наредна седница.
Судскиот совет, информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…
Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…
Постапката е запрена поради сменети искази на…