И МОК удри по Мојсовски – бара негова смена и стопирање на ваучерите за 2023!

t

Набрзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), дојде нов удар за ракометната легенда и тоа од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Првиот човек на оваа највисока невладина спортска организација во државата, Даниел Димевски, во писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска укажува на лошото работење на АМС и на нејзиното раководство.

„Почитувана Г-ѓа Грковска, веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на раководството на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми. Веруваме дека ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита е правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува!“, се вели меѓу другото во писмото на МОК до Владата.

Поради сето ова, Димевски од Грковска бара итна смена на централната комисија која го прави рангирањето за поделба на државните пари во спортот, како и стопирање на процесот на доделување на спортскиот ваучер додека не се направи тоа.

„Ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“, завршува Димевски во обраќањето до Владата.

Димевски, неофицијално, важи за „татко“ на ваучер-системот во времето кога беше советник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја…

Денеска се празнува Велики Четврток: на Тајната…

На светиот и велики четврток, светите Отци,…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, на повеќе места…

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…