МАН: Владата да ги одобри акредитациите за медиумите – И ДА ПРЕСТАНЕ ДА ДИСКРИМИНИРА
Македонската асоцијација на новинари МАН ја повикува владата да обезбеди непречени услови за работа на сите медиуми од Македонија на утрешното одбележување на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.
-Известени сме од нашите членови дека на најмалку 10-тина независни и професионални новинари и фоторепортери им е одбиено барањето за акредитација за утрешното одбележување. Истовремено, не е одбиена акредитација на ниеден од провладините новинари и медиумите блиски до власта. Со ваквата дискриминација, владата ја загрозува слободата на информирање, што е Уставно загарантирана. Истовремено, го засилува притисокот врз медиумите и новинарите со обидите да ги цензурира преку забрани за присуство на јавни настани. Владата има рок до изутрина пред почетокот на настанот да ги одобри акредитациите на медиумите кои вечерва ги одбила и да престане со праксата на селективно одбирање подобни и неподобни медиуми според нивните партиски интереси.
Македонската асоцијација на новинари МАН за последен пат ја опоменува владата дека ги помина сите црвени линии и пристојни начини за комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Нови детали за откриената плантажа со…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица,…
За пет часа санкционирани 75 возачи поради…
Вкупно 75 сообраќајни прекршоци за непочитување на…
(Видео) Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска на…
Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски,…
Блумеберг: ЕУ бара од Украина напредок во…
Претставници на Европската Унија ѝ порачаа на…
„Дипсик“ меѓу компаниите поканети на седница на…
Кинеската компанија за вештачка интелигенција „Дипсик“ е…