Вардар по Размоски промовира уште едно засилување – Дејан Цветаноски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска го промовира и второто зимско засилување и тоа за нападот, откако нов член е Дејан Цветаноски, кој доаѓа од Силекс.
Откако попладнево крилниот офанзивец Дарко Размоски дојде во Вардар од Охрид, сега Цветаноски го засилува нападот, откако црвено-црните останаа најтенки во офанзивата по заминувањето на Симеон Христов во Гостивар и на Кире Маркоски во Работнички.
Кичевецот Цветаноски во кариерата играше за Напредок, Тетекс, Младост Царев Двор, Пелистер, Победа, Ренова и Струга Трим Лум, а од ланската зима беше дел од Силекс.
Тој е поранешен младонски македонски репрезентативец, играше за младата селекција до 17 години, а има и еден настап за таа до 21 година.
Вардар пред пет дена ги почна подготовките за пролетната полуетапа поради финансиската криза која веќе подолг период е проблематична, а утре во Кадино ќе го играат првиот контролен тест на овие подготовки со братскиот Тетекс.
Покрај Христов и Маркоски, од Вардар си замина и Јован Попзлатанов (се врати во Македонија ЃП), младиот Ерен Парталко (Пелистер) и Никола Ристески (Силекс).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ ги стигна и странските возачи…
Преку системот „Безбеден град“ почнаа да се…
Трамп: „Ќе се сретнам со Ким Јонг…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Голем колку јајце од ној — лекари…
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…
Над 72 отсто од отпадните води во…
Иако повеќе од 90 отсто од испитаните…