Нов кикс на „сините“: Челси може сите играчи да ги купи, ама не може да победи!

t

Поранешниот англиски и европски првак Челси може сите светски ѕвезди да ги купи, да потроши уште повеќе од 600 милиони евра колку што фрли новиот газда Тед Боели од летово наваму, ама победите во Премиерлигата не може да ги купи, па денеска „сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ повторно разочараа со ремито без голови во градската пресметка со Фулам.

Најскапиот фудбалер во англискиот фудбал Енцо Фернандез дебитираше, од почеток тргна и втората зимска „стотка“ Михајло Мудрик, но четата на Грахам Потер не успеа да даде гол, а имаше само две извонредни шанси. Каи Хаверц пред крајот на полувремето кога погоди дирек и Давид Датро Фофана, кој имаше зицер, но шутот на празната мрежа му го изблокира фудбалер на Фулам за да не даде гол.

Лондонскиот великан има само една победа во последните пет меча, а ова му беше второ реми по ред и со 30 бода се израмни со осмиот Брентфорд, но многу далеку од главната цел местото во ЛШ. Фулам со петтото реми дојде до 32 бода и е шести на табелата.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…

Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…

Дмитро Хориха и официјално доби право да…

Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…

Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…

Еди Рама не планира да поднесе оставка…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по…

Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…