Ковачевски на Фејсбук испрати порака по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев
Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, оддадовме почит денеска, пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година, на денешниот датум, 4-ти февруари, се вели во Фејсбук статусот на премиерот Димитар Ковачевски.
-Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки. Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес и се света обврска за секого, додека ја градиме Република Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави, истакнува Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…
Војната на Блискиот Исток, високите цени на…
СЗО уште чека информација од Русија за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…