Детали за апсењето на Бугарите кои нападнале полицајци на Деве Баир

t

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна тројца бугарски државјани, информира МВР.

„Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти Министерството.

Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“.

Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.

Сообраќајот беше во прекин околу 9 часот утринава поради неисправност на системот за контрола на патници и возила, кој беше обновен по 12:30 часот и сообраќајот продолжи да се одвива нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…

Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…

Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…

Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…

Забрана за пиење на водата од пет…

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…

МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за…

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за…

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…

Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…