Унгарија: Резолуцијата на ЕП за испорака на тешко оружје во Украина не е чекор кон мир туку кон целосна ескалација
Резолуцијата на Европскиот парламент за испорака на тешко оружје за Украина и повиците за целосно ембарго на енергија и нуклеарно гориво од Русија предизвикуваат ескалација на конфликтот во Украина и инфлација во Европа, изјави државниот секретар на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– „Европскиот парламент усвои резолуција оваа недела. Има две навистина сериозни точки. Според седмата точка, неопходно е да се зголеми и забрза испораката на оружје за Украина. Текстот содржи конкретно набројување – уште повеќе тенкови, оклопни возила и муниција. Следниот чекор ќе бидат борбени авиони и ракети со долг дострел. Тоа е се освен повик за мир. Многу поверојатно е голем чекор кон воена ескалација“, рече Деметер.
Според него, не помалку сериозен е ставот 26, кој предвидува целосно ембарго на фосилните горива и ураниумот од Русија.
„Со други зборови, тие, освен нафта и гас, целосно би го забраниле увозот на руско нуклеарно гориво. Така, Европскиот парламент поддржува не само дополнителни санкции, туку и инфлација. Главната причина за рекордната инфлација е порастот на цените на енергенсите. И тоа се случи поради санкциите. Целосното ембарго е загарантирано понатамошно поскапување. Мислам дека ова е многу погрешен начин“, рече Деметер и вети дека ќе има дискусии на оваа тема во наредните недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…