Османи организира Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ
Во понеделник и во вторник во Скопје ќе се одржи Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.
Конференцијата за антисемитизам, како традиционален собир на земјите-учеснички на ОБСЕ, има за цел да обезбеди врска помеѓу минатото, сегашноста и идните трендови во борбата против антисемитизмот.
Конференцијата ќе започне со сесијата на високо ниво, која ќе ја отвори Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој потоа заедно со директорот на ОДИХР Матео Мекачи ќе одржи и прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…