Ќе клечите на колена пред ЕУ, титоисти, србомани, србомански измет: “Европејски” навреди на бугарски европратеник кон Македонците
Критериумот по кој Бугарите ги бирале нивните европратеници е нејасен, но очигледно заедничко за сите е што имаат слаби нерви, а големи соништа, особено за голема Бугарија, кои секако нема да им се исполнат, па се фрустрираат.
Не сме им ние виновни што со години погрешно ги учеле дека, ккао што наведува и дотичниот европратеник и поранешен амбасадор во Македонија, Александар Јорданов, се е бугарско, дека и ние сме Бугари и дека секој пркоц на Македонците против нивните асимилаторски, веќе и нео-нацистички политики го карактеризираат како приближување кон Србија и Југославија.
Претходно споменатиот европратеник во објава на Фејсбук вчера го коментира апсењето на Бугарите кои ја нападнаа македонската полциија на граничниот премин Деве Баир и апелира Македонија да добие ново вето за влез во ЕУ, но тоа го кажува со погрдни зборови, односно вели дека ќе клечиме на колена пред ЕУ.
Во продолжение целиот Фејсбук статус на европратеникот кој изобилува со говор на омраза кон Македонија и Македонците.
– ГНЕВ! ЕУ БЕЗ МАКЕДОНИЈА!
Денешното скандалозно однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската политичка елита и македонските граѓани во Скопје во врска со прославата на годишнината од раѓањето на националниот херој од Бугарија Гоце Делчев, испраќа јасна порака: Република Македонија нема место во Европската Унија.
Уште еднаш стана јасно дека национален револуционер како Бугаринот Георги Делчев нема ништо заедничко со денешните Македонци кои се копи пејст на најодвратните комунисти од југословенската ера.
Мора да се стави крај на нивната десетгодишна непријателска политика кон Бугарија. Го слушнав и лидерот на опозицијата во оваа земја Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој активно работи против својата држава во интерес на соседна Србија. А најверојатно и Русија. Денеска не повика нас, Бугарите, да гледаме кон иднината, кон 21 и 22 век. Веднаш му одговарам: зошто сакајќи да погледнеме во иднината, центарот на Скопје го изградивте со антички градби? Зошто го лажиравте дури и урбаниот архитектонски простор? Нема иднина за такви комунистички фосили како вас – титоисти, ѓубре, југословенски гикови. Ќе висите пред портите на Европа многу долго. Ќе клечите пред нив додека не ви скапат тиквите за историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски бугари. Дека сте се преродиле од вашиот бугарски народ. Долго ќе чекате за европско членство бидејќи вашето однесување е на Србите. И затоа што не сте достојни да го носите името Македонци, што е име на македонските Бугари. А што само Бугари: Перличев, браќата Миладинови, Пејчинович, Делчев, Груев, Сандански, Александров, Михаилов.
Навистина ми е преку глава. И затоа, како европратеник, ги повикувам сите бугарски политичари, млади и стари, десни и леви, либерали и зелени, зрели и незрели, да заземат цврста и непоколеблива позиција во одбрана на бугарската историја, култура и националност во Македонија. – минатото и сегашноста. Затоа што во оваа географска област, чиј дел денес ја окупира независната држава Македонија, живеел и живее бугарскиот народ. – пишува Александар Јорданов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…