Украинците ветуваат: Нема да ја напаѓаат Русија со западното оружје со долг дострел
Украина нема да користи оружје со голем дострел, ветено од САД, за да гаѓа на руска територија, туку ќе го употребува само против руските единици на окупираната украинска територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
САД во петокот потврдија дека новите ракети, што двојно ќе го зголемат ударниот досег на Украина, се вклучени во пакетот воена помош за Киев во вредност од 2,175 милијарди долари за да се одмазди на нападот на руските сили, пренесоа британските медиуми.
-Ние постојано официјално им кажуваме на нашите партнери дека нема да користиме оружје испорачано од странски партнери за цели врз руска територија. Напаѓаме само руски единици на привремено окупирана украинска територија, изјави Резников на прес-конференција.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно денеска, изјави дека постои договор со претседателот на Украина Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад ќе се користи само на територијата на Украина и нема да се користи за напади на територијата на Русија.
Во интервју за „Билд“, на прашањето дали има договор со претседателот Зеленски дека оружјето од Запад ќе се користи само на територијата на Украина и дека нема да се користи за напад на територијата на Русија, Шолц одговори дека „ има консензус за ова“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…