Се јави и бугарскиот пратеник кој напаѓаше полицајци на Деве Баир: “Имам син очен капак, ни удираа клоци”

t

Ангел Георгиев, бугарскиот политичар од Преордба, тврди дека македонската граничната полиција скокнала врз него и врз другите граѓани кои биле со него, биле тепани, удирани со тупанци и клоци. Сега веќе поранешниот пратеник беше дел од групата бугарски граѓани кои вчера направија инцидент на граничниот премин Деве Баир кога сакаа да влезат во земјава за да присуствуваат на чествувањето по повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тој за Бугарската национална телевизија БНТ изјави:

„Околу 5-6 часа имаше колона Бугари кои сакаа да одат да го чествуваат споменот на Гоце Делчев. Се беше смислено, под изговор дека нема струја. И кога конечно почнаа да се движат неколку автомобили решија да извршат претрес врз една кола со цел да одолговлекуваат. Почнавме да снимаме видео со мобилните телефони и да прашуваме зошто го држат човекот. Ни рекоа да не снимаме, и тогаш граничната полиција скокна врз мене и врз другите кои беа околу мене. Не тепаа, не удираа со клоци и тупаници. Не внесоа во пунктот. Внатре во собите не тепаа. Имам син очен капак, исеченица на носот, болки во потколеницата, ме тепаа со тупаници по глава. Јас најлесно поминав, останатите се повеќе повредени. Шефот од македонска страна тепаше и ни викаа: ќе ве здробиме како кучиња“.

Експратеникот вели дека му паднал во просториите на граничниот премин додека траело тепањето. Телефонот не му го вратиле, за што и наводно поднел жалба. Тврди дека побарал адвокат и лекарска помош, но бил одбиен, а не му било дозволено ниту да стапи во контакт со бугарските власти.

„Не држеа на граница неколку часа, по што не однесоа во суд во Крива Паланка. Не обвинија за зборови што не ги кажавме ние, туку Симон Милков. Но ни ги препишаа на нас. Ова можеби е намерно исценирано. Веројатно тоа лице е испратено таму со цел и задача. Добивме парична казна затоа што не прекинавме да ги снимаме граничните полицајци – вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ