Објавено на:

Кинезите со остра реакција до САД поради соборувањето на балонот

t

Кинеското Министерство за надворешни работи изрази силно незадоволство кон Соединетите Американски Држави (САД) поради соборувањето на нивните балони над Атлантскиот Океан вчера, пренесува Анадолу.

„Кина го изразува своето силно незадоволство и протест за употребата на сила од страна на САД за напад врз цивилни беспилотни летала. Кинеската страна континуирано ја информираше американската страна по верификацијата дека леталото е за цивилна употреба и дека е влезено во САД поради виша сила – беше целосна несреќа“, се вели во соопштението и се додава:

„Кина решително ќе ги заштити легитимните права и интереси на релевантните компании, истовремено задржувајќи го правото за понатамошни неопходни реакции.“

САД вчера соборија кинески балон, за кој се сомневаа дека е шпионски, забележан во американскиот воздушен простор во близина на брегот на сојузната држава Јужна Каролина.

Во тек е операција за извлекување на остатоците од Атлантскиот Океан.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека одлуката е донесена по налог на американскиот претседател Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Путин откри детали од разговорот со Си…

Една од темите на вечерните разговори меѓу…