Пак ќе ги апсат на граница: Стојанов очекува тензии на 4 мај – годишнината од смртта на Гоце Делчев
Контроверзниот основач на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов ја обвини нашата земја дека „одлучила на 4 февруари да ја скрати секоја можност за заедничко чествување на Гоце Делчев, па дури и на ниво на граѓани“.
Стојанов, на кого од претходно му е забранет влез во Македонија, порачува дека „на 4-ти мај, кога се одбележува годишнината од смртта на Гоце Делчев, ќе бидеме сведоци на потполно истото однесување“.
-Ова однесување не е случајно, тоа е системско и ќе продолжи. Бугарите што беа вратени беа повеќе од 60, на преминот Гуешево – Деве Баир“, додаде Стојанов во интервју за „БНР.
Според него, Македонија ги прекршува сите заложби за евроинтеграциите „кои се во апсолутен застој“.
-Нека се види во Европа каква земја е кандидат за официјална членка. Проблемот не е само поврзан со нивната евроинтеграција, што очигледно нема да се случи“, прокоментирал Стојанов и посочил дека продолжива да добива закани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која…
19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…
Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…
Бугарија не сака да ѝ дава повеќе…
Европа мора активно да учествува во преговорите…
Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Битола
Заврши откопувањето и безбедното отстранување на поголем…
Брнабиќ ја нападна РТС: Дали подготвувате терен…
Ана Брнабиќ упати остри критики до Радио…