Унгарската претседателка ја почна официјалната посета во Македонија
Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.
Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.
Како што најави Министерството за внатрешни работи, денеска во Скопје има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…