Македонија ќе испрати конкретна помош во Турција, вели Пендаровски

t

Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош во Турција, најави денеска претседателот Ставо Пендаровски во врска со земјотресот што ја зафати оваа земја и во кој има голем број загинати и повредени.

Како што рече Пендаровски по денешната средба со својата унгарска колешка Каталин Новак, во Турција се случил уште еден земјотрес.

-Изразивме сочувство за земјотресот во Турција. Добивме информација дека има и втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопски земјотрес.

и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред се со оние што ги изгубија своите најблиски, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…