Засилени контроли: За еден ден 727 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (05.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 727 возачи.
Oд нив 49 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 369 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 358 надвор од населено место.
-Засилените сообраќајните контроли продолжуваат во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…