Кремљ не сака да изнесува детали за судбината на Зеленски

t

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет за специјалната воена операција, но не ги открил нејзините детали.

„Навистина, Путин и Бенет, кога тој беше премиер на Израел, имаа многу интензивен дијалог. Често комуницирале – имало и лични контакти и телефонски разговори. На дневен ред, покрај билатералните односи, беше и темата за Украина и специјалните воени операции. Но, знаете дека ние не сме поддржувачи на откривање детали од разговорите меѓу шефовите на држави. Тоа не сакаме да го правиме ниту сега, па ниту ќе го демантирам, ниту ќе го потврдам тоа што го кажа господинот Бенет“, рече Песков.

Претходно, поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет изјави дека за време на неговата посета на Москва на 5 март 2022 година и средбата во Кремљ, тој и Путин разговарале за ситуацијата во Украина, особено за судбината на нејзиниот претседател Владимир Зеленски.

Според Бенет, Путин го уверил дека Руската Федерација нема намера физички да го елиминира Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

Тошковски горд на полицијата: ФБИ ја потврди…

Кога резултатите од работата на македонската полиција…

Мицкоски: Кога-тогаш и Ива и нејзиниот татко…

Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко кој…

Радев контра ЕУ: Го поддржа договорот на…

Лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел…