Гумен чамец со мигранти потона кај Лезбос – најмалку тројца мртви, се трага по десет лица

t

Крајбрежната стража на Грција соопшти дека гумен чамец со мигранти потонал во близина на островот Лезбос.

Во несреќата се удавија најмалку тројца мигранти, а по повеќе од 10 се трага.

Крајбрежната стража спасила 19 лица, а најмалку 10 мигранти се пренесени во болница.

Според изјавите на преживеаните, во чамецот што пловел од Турција имало 41 лице.

Според соопштението на крајбрежната стража на Грција, спасувачката операција започнала во раните утрински часови кога на карпите во близина на брегот на Лезбос бил забележан гумен чамец, пренесува Ројтерс.

Државната телевизија ЕРТ објави дека мигрантите се по потекло од Сирија, Јемен и Сомалија.

Пред два дена четворица мигранти загинаа во Егејското Море, кога на 5 февруари нивниот чамец се насука на брегот на островот Лерос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…