Таравари: Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата, преговорите треба да завршат до утре
Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Во однос на преговорите, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.
– Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари
Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент.
За ова прашање, според него, се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.
– Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство, подвлече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…
Полска приведе тројца тинејџери осомничени за подготовка…
Полските безбедносни служби привеле тројца малолетници осомничени…
Уапсен е декан во Нови Сад –…
Деканот на Факултетот за спорт и физичко…
Митровски: Прерано е да се зборува за…
Прерано е да се зборува за обид…
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…