Удрија и по најмалите: Дојави за бомби и во основните училишта!
Нови дојави за бомби денеска се испратени во дури 33 основни училишта во Скопје.
Според нашите информации, меѓу училиштата во кои стигнале дојави се „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода, потоа „Димитар Миладинов“, „Ј.Х. Песталоци“, Коле Неделковски“ во Центар, „Ацо Шопов“ во Бутел, „Гоце Делчев“ во Аеродром. и тн..
Како што информира МВР, дојавите се пријавени во полиција околу 12:30 часот, а пристигнале преку електронските адреси на училиштата.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Од почетокот на годинава, ова е вторпат да има закани со бомби откако првите дојави беа пријавени кај надлежните минатиот петок (3 февруари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…