Шојгу: Во моментов борбите успешно се одвиваат во областите Бахмут и Вугледар
Шојгу го предупреди НАТО за испораките на оружје за Украина Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека испораките на западно оружје во Украина активно го вовлекува НАТО во конфликтот и предупреди дека тоа може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“, пренесуваат британските медиуми.
– САД и нивните сојузници се обидуваат да го продолжат конфликтот што е можно повеќе – рече Шојгу.
– За да го постигнат тоа, тие почнаа да ја снабдуваат Украина со тешко офанзивно оружје и отворено ја повикуваат земјата да ги освои нашите територии. Всушност, таквите чекори ги вклучуваат земјите на НАТО во конфликтот и тоа може да доведе до непредвидливо ниво на ескалација – додаде рускиот министер за одбрана.
Инвазијата на руските сили во источна Украина, што официјална Москва ја нарекува „специјална воена операција“, Шојгу денеска ја оцени за „успешна“, во време кога Киев очекува голема руска офанзива и бара од западните земји да ја зголемат и забрзаат воената помош за земјата.
– Во моментов борбите успешно се одвиваат во областите Бахмут и Вугледар – рече Шојгу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…