Објавено на:

Потоп: 65% од Американците сметаат дека Бајден ја движи државата во погрешна насока

t

Само 41 отсто од Американците ја одобруваат работата на американскиот претседател Џо Бајден, а 65 отсто веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, покажува истражувањето спроведено од Ројтерс и социолошкиот сервис Ипсос.


Мерењата се направени во пресрет на годишниот говор на Бајден во Конгресот, каде што тој ќе извести за постигнувањата во првата половина од претседателскиот мандат и ќе ги претстави плановите за вториот.

„Јавниот рејтинг на американскиот претседател Џо Бајден е 41%, блиску до најниските од неговиот претседателски мандат. Тридневната национална анкета, која заврши во неделата, исто така покажа дека 65% од Американците мислат дека земјата е на погрешен пат, од 58% една година порано“, се вели во белешката на Ројтерс.

Популарноста падна на 36% во мај и јуни и се движеше околу 40% во поголемиот дел од минатата година, додаде агенцијата.
Во истражувањето учествувале 1029 возрасни Американци, истражувачите го нарекуваат примерокот репрезентативен, грешката на резултатите се проценува на три процентни поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…