Познат идентитетот на напаѓачите на македонскиот клуб: Биле вработени во општина Благоевград, градоначалникот вели ќе ги отпушти кога Македонија ќе ги казни граничните полицајци на Деве Баир
Двајцата вработени во Општинското претпријатие „Уредување на просторот“ на општина Благоевград и нивните сопруги, кои беа приведени за нападот на Македонскиот клуб во Благоевград, „ќе бидат казнети со точно иста казна како и цариниците, граничната полиција и други службеници во Република Македонија, што предизвика психичко и физичко насилство врз многу Бугари“, рече градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов.
Градоначалникот коментира дека судот е надлежен орган кој може да се произнесе за кривичното дело, а тој како работодавач на двајцата вработени може да се произнесе само за ЗРО.
Во моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Македонија кои ги малтретираа бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП „Уредување на просторот“ на општина Благоевград“, рече Стојанов.
Македонските гранични полицајци и цариници, кои со часови приведоа десетици Бугари кои отидоа да се поклонат на гробот на Гоце во Скопје, добија пофалби од државниот врв во Скопје.
Македонскиот клуб во Благоевград беше отворен на 30 октомври минатата година на приватна иницијатива
Излозите на клубот беа искршени неколку часа по одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари. „Впрочем, предвидената провокација беше постигната со помош на политичарите од Македонија. Во просторијата нема живот и заборавивме дека постои. По вчерашните настани следуваше реакција“, изјави градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов.
Македонија доследно ги најде и казни напаѓачите на бугарските клубови во Битола и Охрид иако и тие напади беа редизвикани од низа провокации, исто како што градоначалникот на Благоевград тврди дека нападот врз македонскиот клуб бил одговор на провокацијата на македонските граничари кои беа нападнати од страна на Бугарите.
Македонскиот државен врв, претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевскии министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, повикаа Бугарија да ги најде и соодветно да ги казни насилниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…