Исмаил ги подбра “артистите”: Како колективниот Запад го тлачи сирискиот народ дури и после земјотресот
Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, на Фејсбук пишува за тоа како колективниот Запад го тлачи сирискиот народ дури и после земјотресот, ставајќи посебен акцент на санкциите поради кои е максимално отежната секоја можност да се испрати хуманитарна помош таму.
– Како последицана таканаречениот „Цезарев закон“, кој беше донесен од страна на САД во 2019 година, а врз основа на кој САД имаат право да воведат рестриктивни мерки за организации и лица кои директно или индиректно му помагаат на Дамаск, денеска повеќето земји во светот не можат да испратат хуманитарна помош во Сирија?!
Притоа, исклучително е важно да се знае дека овој закон се применува и за пратки на лекови, хуманитарна помош, и други технички и разни видови помагала.
Така да, ова театриве и остали организации што гледам веќе планираат да прават некакви си хуманитрни активности во својот домен, се надевам ќе го имаат ова во предвид и при нивните перформанси, како што “подигаат свест” за еколошки проблеми, проблеми со заштита на животни, и слично, ќе повикаат и на укинување на овие санкции.
Да не биде дека не сте знаеле, артисти. – напиша Исмаил на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…