Тупанчески избега од дебата за фашистичките клубови

t

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација беше инволвирана во случајот во бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ по претставка. Постапувајќи по неа, беше констатирано дискриминација и говор на омраза. Потоа следуваше барање тоа да биде сменето, меѓутоа не беше испочитувано и сето тоа заврши со прекршочна пријава до министерството за правда, бидејќи не ја исполнило својата обврска да ја провери законската работа на клубот.

„Во овој случај, дискриминацијата беше утврдена како повеќекратна и потешка форма, во форма на вознемирување, врз национална и етничка припадност кон припадниците на македонскиот народ и на сите етнички заедници во македонското опшество. Како подносител на претставката се јави општинскиот одбор на сојуз на борци од народноослободителната и антифашистичка војна. Ги посетивме сите инситуции, добивме докумантација пред да одлучуваме и по долга истрага, вознемирувањето во нашиот закон е препознато како недозволено, забрането однесување, бидејќи ги повредува чувствата, удира на човечкиот интегритет и чувство на достоинство“, објасни Бендевска во емисијата.

Таа истакна дека како комисија, тело за еднаквост, должност е примена и на европската Конвенција за човекови права и во мислењето биле цитирани еден куп примери, каде што евроскиот Суд во Стразбур не дозволува историски ревизионизам и бара итна, општествена потреба за брзо реагирање.

Подолг период, министерот за правда Никола Тупанчески ја префрла одговорноста на Централниот регистар и не постапува за клубовите кои носат имиња на докажани фашистички ликови. Иако Министерството за правда е единствен орган кој може да врши надзор над работата на здруженијата и за истите да побара поништување на уписот, Тупанчески сеуште одбива да постапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…

По барање на Основното јавно обвинителство во…

МВР поднесе кривична пријава за насилникот од…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31)…

Ина МногуФина со осуда за насилникот што…

Објава на Фејсбук на Ина МногуФина по…

„Не ме интересира што функции имаат неговите,…

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието,…

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен…

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со…