Министерот Љупчо Николовски: Не можам да ги коментирам цените на храната

t

По бранот поскапување на основните прехрамбени производи, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски рече дека не може да ги коментира цените на прехранбени производи, но очекува, како што кажа, нивно намалување согласно поевтината индустриска струја што ја добија компаниите од преработувачката индустрија.
Не можам да ги коментирам цените, но очекувам нивното намалување по целокупната поддршка за струјата што ја добиваат компаниите од прехранбената индустрија да не е осум или десет проценти. Сите како граѓани очекуваме намалување на цените. Преработувачката индустрија доби дополнителни привилегии во делот на цената на електричната енергија и јас, како и сите граѓани, очекувам дека тоа на крајот ќе се види во маркетите, особено кај основните продукти чии цени граѓаните навистина очекуваат да бидат намалени, рече Николовски.
Според него, „надлежните институции и инспекторати таа работа треба да си ја завршат, да има соодветни контроли“.

Граѓаните на некој знаат и очекуваат што поевтини производи со зголемената поддршка во време на криза, особено кога се во прашање основните прехранбени производи, потенцира министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…