РАДЕВ СЕ ЗАКАНИ СО ВЕТО: Вели нема влез во ЕУ додека не се внесат Бугарите во Уставот
Антибугарската кампања во Македонија веќе води кон злосторства од омраза, палење и пукање во бугарски клубови, физичко насилство. Очекувам дефинитивна и институционална реакција од властите на РМ и итни активности за откривање на сторителите, вели претседателот на Бугарија.
Во моментов, Република Македонија е во состојба на вето, додека не ги вклучат македонските Бугари во својот Устав, нема да има преговори за влез во Европската унија. Ова го изјави претседателот Румен Радев од Брисел пред да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.
– Антибугарската кампања во Македонија веќе води кон злосторства од омраза, палење и пукање во бугарски клубови, физичко насилство. Очекувам дефинитивна и институционална реакција од властите на РМ и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму. Негирањето на постоењето на овие проблеми само го одложува решението, доведува до повеќе криминали активности и чувство на неказнивост, а само стимулира злосторства од омраза – рече Радев за бугарските медиуми.
Шефот на бугарската држава коментираше и за други надворешнополитички прашања и теми. Од неговите зборови стана јасно дека Бугарија нема да прифати санкции во нуклеарната енергија, бидејќи тоа директно ќе влијае на бугарската нуклеарна енергија.
– Онаму каде што се директно загрозени бугарските интереси, ние сме многу внимателни и ги следиме работите – увери Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стручната комисија на министерот за здравство, не…
Стручната комисија на министерот за здравство, која…
Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави…
Министерката за образование Весна Јаневска вели дека…
Медведев: САД, Израел и Иран треба да…
САД, Израел и Иран треба да се…
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…
Полицијата сузби дива плантажа за марихуана
Министерството за внатрешни работи откри дива плантажа…