Курти: Предлогот на ЕУ не е конечен договор, но содржи де факто признавање
На седницата на Собранието на Косово, премиерот Аљбин Курти презентираше детали за француско-германскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, кој, врз основа на изјавите на Курти, Косово веќе начелно го прифати, пренесува Репортерс.
Курти рече дека француско-германскиот предлог, сега познат како план на ЕУ, не е конечен договор, туку основен договор, кој Косово го смета за добра основа за понатамошни разговори и додаде дека има параграфи поврзани со де факто признавањето.
„Во Брисел се одржа сериозен состанок на 18 август 2022 година, точка 2 беа актуелни прашања. Вообичаено, на минатите состаноци имаше жестоки контроверзии, но немаше структурирана агенда. Потоа почна дијалогот за договор. Во тој случај, веднаш се подготвив нудејќи страница од шест поглавја за тоа што треба да содржи рамката на општиот договор. Три недели подоцна доаѓа Лајчак со двајца емисари од Париз и Берлин, кои изнесоа предлог, би рекол, план за договор кој не е конечен, туку основен, но не и конечен. Овој договор, кој има цели параграфи и реченици по моделот на двете Германии, е основен договор, а не правно обврзувачки конечен договор што ни треба. Но, мора да разбереме дека немаше можност да дојдат од Париз, Берлин и Брисел и да ни донесат конечен договор, бидејќи за тоа ќе треба долга дискусија. Не ни донесоа предлог земи или остави. Република Косово не ја признава Србија, а ниту Србија Косово. Денес имаме меѓусебно непризнавање, она што ни треба е меѓусебно признавање. Не може да има конечен договор без взаемно признавање во центарот“, објаснува Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…